Во Грција се отвараат угостителските објекти
03.05.2021 12:06
Дозволено е најмногу шест лица на една маса, маската е задолжителна за персоналот, а има и препорака да ја користат и посетителите.

По шестмесечна пауза во Грција се отвораат угостителските објекти под посебни правила и протоколи. Полицискиот час, наместо од 22 часот, ќе почнува од 23. Ќе работат само терасите на угостителските објекти.
Дозволено е најмногу шест лица на една маса, маската е задолжителна за персоналот, а има и препорака да ја користат и посетителите.
Од почетокот на пандемијата, во изминатите 15 месеци, угостителските места во Грција беа затворени вкупно осум месеци, два за време на првиот и шест за време на вториот карантин.
