Нови 2,5 милиони евра кинеска поддршка за Македонија
Заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими оствари работна средба со Цуи Џивеи - Амбасадор на Народна Република Кина, чиј мандат во земјава истекува во текот на април.

Состанокот се одржа во повод одбележувањето на плодната и пријателска соработка, која ја остварија двете држави во изминатиот период, но и заедничката желба за нејзино продолжување и продлабочување, за што во знак на потврда беше разменет и Меморандум за соработка преку кој НР Кина на Република Македонија ќе и додели средства од 20 милиони јуани (2,5 милиони евра).
Во досегашната билатерална и проектна соработка која започна во 2007-та година, реализирани се повеќе проекти и студиски посети во рамките на договорите за економска и техничка соработка меѓу двете земји. Заклучно со 2013-та се потпишани договори од 13,4 милиони евра наменети за изградба на училишта, здравствена инфраструктура, набавка на училишни автобуси.