Реконструкцијата на Нотр Дам де Париз ќе може да започне во 2022 година
По огромниот пожар што ја уништи катедралата Нотр-Дам де Париз пред две години и го раздвижи целиот свет, работите за реконструкција започнаа. Енигмата за потеклото на катастрофата останува да се реши, но научниците успеваат да ги откријат тајните на материјалите користени за нејзината изградба, што треба да послужи како основа за реконструкцијата, но и за подобро запознавање со користените техники во градбите од 12и 13 век …

Катедралата Нотр Дам де Пари, е атракција што секоја година ја посетуваа десетици милиони туристи пред кризата „Ковид-19“. Светски интерес, поврзан со славата на Виктор Иго и неговиот роман „Нотр-Дам де Париз“.
На 15 април 2019 година, познатата готска катедрала стара над 850 години и вистински симбол на Франција за малку ќе исчезнеше уништена од огнот, под неверојатниот и разорен поглед на илјадници минувачи.
Загатката за пожарот останува засега нерешена, краток спој или небрежност, истрагата во тек. Но научниците водат друга истрага, тајната на нејзината конструкција.
Но на лице место и во лабораториите работат бројни научници специјализирани за градежни материјали, за да ги откријат тајните на катедралата. Екипата задолжена за металот пронајде метални спони во ѕидовите и капелите, еден вид на гигантски железен скелет.
-Покривот беше поставен на овие спони и тоа беше едно од откритијата за користењето на металот во изградбата. Ние сме на почетокот на реставрацијата, но ние откриваме дека архитектот користел пробна техника во споредба со неговите современици, користејќи железо во различни делови на градењето, изјави Максим Л’Херитрие, археолог.
Другите научници работата на проучување на составот на малтерот и каменот користен при градењето.
-Земањето на примероци од различни места ќе ни послужи да ги споредиме малтерите користени во 12 и 13 век, која улога тие ја играат во структурата и дали ќе користиме ист малтер, изјави Елиз Бајол, историчар на уметноста.
- Проучувањето на целата површина на камените блокови е многу скапоцено, бидејќи нашите претходници тоа не можеа да го направат и тоа не беше видено од 12-13 век. Ова за историчарите, археолозите и специјалистите за готската уметност е како да читаат во отворена книга. Што е среќна околност во овој страшен пожар и ни дозволува да ја гледаме катедралата во сите нејзини детали, вели Ив Галет, историчар на уметноста.
Веќе илјада дабови се исечени во Франција и моментално се сушат за да се обнови дрвената структура на покривот, престилката и преминот на трансептот.
Обезбедувањето на Нотр Дам ќе заврши во текот на летото, долгоочекуван услов за започнување на нејзината „идентична“ реконструкција. Но, се нема да биде завршено пет години по пожарот, реконструкцијата ќе продолжи и по 2024 година.
Тони Гламчевски
