Пронајдена мртва 35-годишна жена во Охрид
Утрото во СВР-Охрид лицето С.Д. пријавило дека во куќата со која живеел со триесет и пет годишната охриѓанка М.М. Го пронашол нејзиното безживотно тело. Истражните органи случајот го водат како убиство поради тоа што починатата имала повреда на главата …

Охридската јавност е вознемирена по веста за убиството на 35 годишната М.М. од Охрид. Утрото во 8 часот и 20 минути во Секторот за внатрешни работи од Охрид лицето со иницијали С.Д. Пријавило дека во куќата во близина на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ ја пронашол починатата со која живееле во заедница.
„Лекар од итната медицинска помош констатирал дека починатата има повреда на главата, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Поради констатираните траги на насилство истражните органи случајот го водат како убиство. Повеќе детали за овој трагичен настан се најавени за наредните денови.
Сашо Нелоски
