Конкурс за најголем придонес за животната средина
21.03.2014 15:11
Градот Скопје распиша јавен конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор на куќа, зграда и стопански објект и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта.
Конкурсот е дел рамките на традиционалната манифестација „Денови на пролетта - Денови на екологијата, а пријавувањето започнува денеска и ќе трае до 15 мај годинава.

Целта на конкурсот, е да се промовира и популаризира грижата за животната средина и за природата.
Пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица може да се достават по пошта на адресата: Град Скопје-Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар Илинден, број 82, или во архивата на Градот, како и на телефонските броеви 02/3297-273 и 3297-302.
За првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари.
За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (за индивидуално домување, за колективно домување и за институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари.
За четвртата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.
За петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.
Разгледувањето на пристигнатите пријави и одбирањето на кандидатите го врши соодветна комисија, која Градот Скопје ја формира од претставници на вработените во секторите на Град Скопје и од невладините организации.
Пријавувањето започнува веднаш и трае до 15 мај 2014 година, а прогласувањето на добитниците во сите категории ќе се одржи на 5 јуни.