Османи денеска во Копенхаген на средба со Кофод
Во текот на денот, Османи ќе оствари средба и со Жан Елерман-Кингомбе, Државен секретар во Кабинетот на премиерката Фредериксен...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Копенхаген ќе се сретне со својот хомолог и домаќин, министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.
Покрај билатералните односи, централна тема на средбата ќе биде европското досие на земјава, политичките актуелности во земјата, постигнатиот напредок во клучните реформски области, но и добрососедските односи, како и обезбедување поддршка со јасна цел имплементација на одлуката за почеток на преговорите од страна на Советот на ЕУ од март минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.
Во текот на денот, Османи ќе оствари средба и со Жан Елерман-Кингомбе, Државен секретар во Кабинетот на премиерката Фредериксен.
За време на посетата на Копенхаген, министерот ќе има состаноци и со повеќе наши граѓани, како и со претставници на повеќе здруженија на дијаспората на Република Северна Македонија во Данска.
