Субвенции

Центрите за развој на планските региони можат да аплицираат за добивање субвенции

04.05.2021 09:43

Центрите за развој на планските региони можат да аплицираат за добивање на субвенции за проекти за подобрување на пристапот до обработливите површини. Максималниот износ е до 6,5 милиони денари, а доставувањето на потребната документација е до 10 мај годинава …

Право на учество на јавниот повик имаат центрите за развој на планските региони. Субвенционите се однесуваат на проекти кои имаат за цел подобрување на пристапот до обработливите површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.

Максималниот износ на средства е 6,5 милиони денари за трошоците за изработка на проектот. Крајниот рок на доставување на барањата за финансирање е најдоцна до 10 мај 2021 година.

Еден корисник до министерството за земјоделство може да поднесе само едно барање,

Постапката за избор со предлогот за одобрување на барањето ја врши комисија на министерството доколку на повикот има доставено и само едно барање.

Изборот ќе се врши врз основа на критериуми утврдени во програмата за капитални трансфери за невладини организации од областа на земјоделството и руралниот развој.

По изборот, центрите по писмен пат ќе бидат известени за денот на потпишување на Договорот за финансирање.

 

Методија Трајков