Гоце Делчев

Цвеќе на гробот на Гоце Делчев, 118 години од загинувањето

04.05.2021 10:53

Револуционерот и визионер кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер...

Се одбележуваат 118 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. Делегации на државни институции, здруженија и граѓани положија свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети спас“ во Скопје.

Револуционерот и визионер кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Се школувал во гимназијата во Солун и на воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на организацијата.