Штип

Почна масовната имунизација и во Штип

04.05.2021 12:46

Жителите од источниот и југоисточниот регион од денес имаат можност за имунизација со вакцината на „Синофарм“ во регионалниот пункт во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип. Вакцинацијата се врши на 22 вакцинални пунктови, со можност за имунизација до две илјади лица дневно …

Илјада граѓани имаа термин за вакцинирање на првиот ден од масовната имунизација во Штип. Приоритет имаа лицата над 86 години. Најстариот кој се вакцинираше денес има 100 години. Во наредните денови старосната граница ќе се намалува и термин ќе добијат сите кои се пријавиле за имунизација

Возраста и здравствените проблеми не ставаат во ризична категорија и вакцинирањето ни е единствен начин да се заштитиме, велат граѓаните

Во Ковид центарот во Штип се намалува бројот на пациентите, хоспитализирани се 62 лица, што е за четириесеттина помалку од максималниот број на хоспитализирани од Ковид-19 во Штип.

 

Славица Величковска