Колумбија

Министерот за финансии на Колумбија поднесе оставка

04.05.2021 13:24

За време на протестите имаше жестоки судири со полицијата...

Министерот за финансии на Колумбија, Алберто Караскила поднесе оставка. Неговиот предлог за даночни реформи е повлечен, и најавено е ќе се изготви нов, но овојпат со консензус.

Решението предизвика повеќедневни протести во земјата, во кои загинаа 20-тина луѓе, над 800 беа ранети, а стотици беа приведени.

За време на протестите имаше жестоки судири со полицијата.

Предлогот требаше да ја пополни фискалната дупка предизвикана од пандемијата, а предвидуваше зголемен данок на бензинот, како и поголемо оданочување на оние кои заработуваат над 700 долари месечно.