ИНДИЈА

Бројот на заразени и на починати се зголемува со алармантна брзина

04.05.2021 13:29

Бројот на потврдени случаи во Индија надмина 20 милиони, речиси двојно повеќе во однос на пред три месеци, а бројот на починати е повеќе од 220 илјади, иако се верува дека вистинските бројки се многу повисоки...

Коронавирусот пустоши низ Индија. бројот на заразени и на починати се зголемува со алармантна брзина предизвикувајќи исклучително сериозна здравствена криза во земјата.

Експертите предупредуваат дека се’ уште не се гледа светло на крајот на тунелот и оти наредниве недели ќе бидат ужасни.

Бројот на потврдени случаи во Индија надмина 20 милиони, речиси двојно повеќе во однос на пред три месеци, а бројот на починати е повеќе од 220 илјади, иако се верува дека вистинските бројки се многу повисоки.

Луѓето умираат надвор од болници, кои се веќе преполни, а има недостиг и од боци за кислород.

Индија е еден од главните производители на вакцини, па ситуацијата во земјата се очекува да ја искомплицира испораката на дози преку ковакс механизмот.