Димитров- Едштадлер: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ
Димитров рече дека неговите ветувања за почеток на преговорите се потпираат на ветувањата на Брисел. Очекува Европа да ги валоризира напорите кои ги преземаме во однос на евроинтеграциите. Во спротивно вели, се праќа погрешна порака до целиот регион...

Силна поддршка од Австрија, но и понуда за посредништво во надминувањето на спорот меѓу Скопје и Софија за откочување на европерспективата на нашата земја. Министерката за Европа и Устав, Каролине Едштадлер децидна – нема разбирање за бугарското вето.
„Стојам на страната на Европа и на страната на Република Северна Македонија. Да не се врзуваме за минатото. Сакам да отворам перспектива за иднината“ – изјави таа, потенцирајќи дека во спротивно, доколку продолжи овој вакуум на моќта, може да се случи да биде пополнет од други заитересирани страни.
Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров рече дека неговите ветувања за почеток на преговорите се потпираат на ветувањата на Брисел. Очекува Европа да ги валоризира напорите кои ги преземаме во однос на евроинтеграциите. Во спротивно вели, се праќа погрешна порака до целиот регион. Во однос на спорот со Бугарија, Димитров истакна дека двете држави имаат огромен влог, па или двете ќе излезат како победници или двете ќе излезат како поразени.
Едштадлер дополни дека Виена е против раздвојување на Скопје и Тирана во однос на почетокот на пристапните преговори.
Марина Тонева Стојанова
