Општина Кисела Вода домаќин на машкото државно првенство во кошарка за основните училишта

21.03.2014 15:34

Општината Кисела Вода е  од 20-ти до 22-ри овој месец , е домаќин на  машкото државно првенство во кошарка за основните училишта.  
Општината Кисела Вода е  од 20-ти до 22-ри овој месец , е домаќин на  машкото државно првенство во кошарка за основните училишта.  
Пред почетокот на првенството,  ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“  подготви свечено отварање.  Спортистите ги поздрави претседателот на федерацијата за училишен спорт Александар Туфекчиевски, додека  игрите за отворени ги прогласи директорката на ОУ,, Н.Г.Дуња“ Зорица Русевска.  По  два  дена, на шест одиграни напревари во двете групи продефилираа плејада на таленти.  Претставникот на Скопје и општина Кисела Вода, ОУ Невена Георгиева Дуња  во Б групата со две победи  се пласира во полуфиналето.  
Домаќините славеа  над ОУ ,,Славчо Стојменски“ – Виница со 48:30 а подобри беа и од ОУ ,,Васил Главинов“ –Велес со резултат  38:36. Убедлив  во А групата, беше и вториот претставник на Скопје, ОУ Владо Тасевски. Тие во првата средба славеа минимално 55:53 над ОУ ,,Св. Климент Охридски“-Битола, додека во втората средба со резултат 55:27 беа поуспешни од  ОУ ,, Димката Ангелов-Габерот“ – Кавадарци.  Со ваквата разврска во групите се комплетираа двете полуфинални натпревари. Во првиот, денеска  со почеток во 17.00 часот, ќе се сретнат екипите на ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“ и ОУ ,,Св. Климент Охридски“-Битола,  а втората полуфинална  двојка со почеток во 18.00 часот ја сочинуваат екипите на  , ОУ ,,Владо Тасевски“ и ОУ ,,Васил Главинов“ –Велес. Во предигра на денешните полуфиналиња, со почеток во 16 часот екипите на ОУ ,,Славчо Стојменски“ – Виница и ОУ ,, Димката Ангелов-Габерот“ – Кавадарци ќе играат за пласман за петата позиција.
 
Државното првенство на Македонија завршува во сабота (22.03). Во 10.00 часот ќе се игра за трето место, додека  големото финале е закажано за 11.00 часот. Натпреварите се играат во спортската сала ,,Независна Македонија“ – ОУ Невена Георгиева Дуња.