Обвинителство

Обвинение за Деркоски, тројца вработени во ДИК и управител на фирма за софтверот за изборите

04.05.2021 16:51

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе Обвинение против поранешнот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, тројца вработени во ДИК и управител на фирма. Причина – набавениот софтвер за изборите...

Поранешниот претседател на ДИК, Оливер Деркоски, тројца вработени во комисијата и еден управител на фирма добија обвинение од Обвинителството за организиран криминал и коруипција за „злоупотреба на  службена положба и овластување“.

Обвинети се дека преку две јавни набавки го оштетиле буџетот на државата за над милион и 312 илјади денари. Првата набавка е за софтер за читање на изборни резултати. Од Обвинителството велат - не бил испочитуван рокот за тендерот, фирмата не ги исполнувала  условите, но сепак била избрана со максимален број бодови. Софтверот претходно требал да биде тестиран за квалитет, но тоа не било сторено.

Во вториот случај се работи за набавка на телевизори за следење на изборните резултати. Избрана е фирма која не била регистрирана во Бирото за јавни набавки, вели Обвнителството, од каде додаваат дека Деркоски прифатил дека фирмата е најповолен понудувач и дозволи да прибави финансиска корист.

 

Миле Ристески