Јуве со Лион!

21.03.2014 15:37

Денешната ждрепка во Нион одреди трикратниот освојувач на најмасовното натпреварување да гостува во првиот натпревар на трети април...

Кога не успеа во лигата на шампионите, Јувентус се надева дека преку седумкратниот француски првак Лион ќе се доближи до финалето на УЕФА Европа лигата коешто ќе биде одиграно токму на арената на италијанскиот шампион. Денешната ждрепка во Нион одреди трикратниот освојувач на најмасовното натпреварување да гостува во првиот натпревар на трети април.

Во пиринејската пресметка од четврфиналната фаза Порто ќе игра со Севилја. Тоа ќе биде пресметка на екипи со по два трофеја во натпреварувањето.

Финалистот од пред 24 години – составот на АЗ Алкмар ќе се сретне со Бенфика, која двапати се качи на тронот на континентот освојувајќи ја Лигата на шампионите.

Базел ќе оди на Валенсија која е во серија од девет меча без пораз на интернационалната сцена. Реваншите од четвртфиналето во УЕФА Европа лигата се на 10-ти април.

 

УЕФА Европа лига, четвртфинале, први натпревари:

Лион - Јувентус

Порто – Севилја

АЗ Алкмар – Бенфика

Базел - Валенсија