Олабавување на мерките

Владата потврди- полициски час од 23, угостителите ќе работат до 22:30

04.05.2021 20:51

Владата на денешната седница одлучи, од утре полицискиот час ќе почнува во 23, наместо како досега во 21 часот. Соодветно на ова, терасите на угостителските објекти ќе може да примаат гости до 22:30 часот...

Владата на денешната седница одлучи, од утре полицискиот час ќе почнува во 23, наместо како досега во 21 часот. Соодветно на ова, терасите на угостителските објекти ќе може да примаат гости до 22:30 часот. 

Одлуката следува откако во текот на изминатата недела се бележи пад на бројот на заболени со Ковид-19 од 40 отсто, а бројот на починати бележи пад од 20 отсто.

Исто така на предлог на Комисијата за заразни болести, владата одлучи да се воведе задолжителен 14-дневен карантин за сите кои се враќаат од Индија и од Бразил за да се спречи ширењето на новите соеви на вирусот.