За старт на преговорите потребен е напредок од Скопје и од Софија
Дали може да почнеме преговори до јуни, и дали е можно одвојување на Скопје и Тирана од процесот? Еврокомесарот Вархеји посочува- потребно е да се најде решение, но, ако нема договор, ќе се разгледуваат и други опции...

Напорно работиме со членките на ЕУ да се најде решениe за случајот со Севетна Македонија и да се постигне согласност, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, одговорајќи на новинарско прашање дали е можно отворање на пристапните преговори во јуни и раздвојување на Северна Македонија и Албанија. Вархеји нагласи дека пристапниот процес се базира на постигнувања.
„Албанија ги има постигнато условите, но ако нема договор за Северна Македонија мислам дека ќе дојде момент кога ќе треба да ја разгледуваме и таа опција. Разговаравме со Заев за ова прашање, се согласивме дека ќе мора да се постигне напредок од двете земји“, рече Вархеји.
Тој појаснувајќи една своја поранешна изјава, нагласи дека самото вето е драматизирање, и подвлече дека ЕК работи на тоа да се вратат работите во нормала колку што е можно побрзо.
