Репрезентациите на Евро 2020 со по 26 играчи
Европската фудбалска федерација донесе одлука репрезентациите учесници на претстојното Европско првенство наместо 23 да однесат 26 играчи.

Европската фудбалска федерација донесе одлука репрезентациите учесници на претстојното Европско првенство наместо 23 да однесат 26 играчи.
Со цел да се намалат ризиците на тимовите кои се соочуваат со недостиг на достапни играчи поради можни позитивни резултати од тестовите КОВИД-19 и следните мерки за карантин пропишани од надлежните органи, беше донесено одлука, да се зголеми списокот на играчи за сите тимови до 26 играчи. Сепак, 23 играчи е максималниот број на играчи што се дозволени на натпреварот за секој поединечен натпревар, вклучително и тројца голмани, се вели во соопштението на УЕФА.
Европското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули. За првпат на еден евро-шампионат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација.
