Продолжение на три собраниски седници
Денеска треба да се одржат продолженија на три собраниски седници – 30-та, 34-та и 39-та. За дел од точките на дневниот ред на седниците е завршена расправата така што се очекува денеска пратениците да гласаат за околу четириресетина закони...

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да се одржат продолженија на три собраниски седници – 30-та, 34-та и 39-та. За дел од точките на дневниот ред на седниците е завршена расправата така што се очекува денеска пратениците да гласаат за околу четириресетина закони.
На дневен ред на 30-та седница се предлог на закон за изменување на Законот за употреба на знаковниот јазик, измените и дополнувањат на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување,на Законот за заштита од вознемирување на работно место...
На дневен ред на 34-та седница се измените и дополнувањата на Законот за прекршоците, на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, сите во прво читање, финансиските планови на МРТ, автентични толкувања и други.
Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу страните на Северноатлантскиот Договор за безбедност на информации, како и повеќе други точки се на дневен ред на 39-та седница.
