МВР: 118 санкционирани возачи во Скопје, 30 за брзо возење

05.05.2021 09:35

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, 11 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, 11 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон и 39 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.