41 прекршување на забраната за движење, 401 санкција за неносење маска

05.05.2021 10:10

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата...

Од 21.00 часот 05.00 часот констатирано е дека 41 лице не ја почитувало забраната за движење, соопштуваат од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 401 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид- 19.