Електронско издание на толковниот речник по повод Денот на македонскиот јазик
Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе се одржи чествување и промоција на електронското издание на толковниот речник на македонскиот јазик, дело на 21 автор.
По повод 5-ти мај, Денот на македонскиот јазик и 100 години од раѓањето на македонскиот великан Блаже Конески, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе се одржи чествување и промоција на електронското издание на толковниот речник на македонскиот јазик, дело на 21 автор.
Ќе може бесплатно да го користат сите граѓани, проучувачи и почитувачи на македонскиот јазик.
„Нашиот македонски јазик ги помина сите фази на создавање и кодификација, на пробив и препознавање, и денеска со својата посебност е признат во целиот свет, впишан во личната карта на нашата држава во големото семејство на народите и на земји-членки на Обединетите нации“, вели во честитката премиерот Заев.
