Фудбалска „војна на ѕвездите“!

21.03.2014 15:48

Шест европски шампиони и 23 титули, волку тежи четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиооните, па денешното извлекување не можеше да донесе не интересни двојки. Две репризи, на финалето 1999-та и на ланското полуфинале, Ибрахимовиќ против Мурињо и шпанска пресметка, така легендарниот Луис Фиго ја скрои судбината на четвртфиналистите.

Манчестер Јунајтед против Баерн Минхен, шанса за баварците за тројна доза одмазда за загубениот трофеј на „Ноу Камп“ пред 15 години. Во меѓувреме актуелниот шампион двапати го елиминираше англискиот првак и тоа во оваа фаза.

Нема да биде шега, на први април Барселона и Атлетико Мадрид првпат ќе се соочат во Европа.

Ден подоцна, а само по една година, Реал Мадрид ќе добие шанса да и го префрли губитничкото чувство на Борусија Дортмунд. „Милионерите“ лани беа подобри во полуфиналето, но сега на „Сантијаго Бернабеу“ ќе гостуваат без суспендираниот Левандовски.

Катарскиот и руски капитал ќе се измерат низ двобојот на новиот Пари Сен Жермен на Ибра и Челзи. Пред девет години, но во сегментот по групи, „сините“ и тогаш предводени од Мурињо славеа во Париз со 3:0, во лондон немаше голови.

Реваншите ќе бидат на 8-ми и на 9-ти, извлекувањето за полуфиналето на 11 април.