Бајден се надева на средба со Путин во јуни
На првата прекуокеанска турнеја по преземањето на функцијата во јануари, Бајден планира да им се придружи на другите лидери на Г7 на самитот во Британија, кој ќе се одржи од 11 до 13 јуни, по што се очекува во Брисел да присуствува на состанокот ЕУ- САД.

Американскиот претседател Бајден изрази надеж за одржување на предложениот самит со рускиот претседател Путин за време на неговото патување во Европа во јуни.
На првата прекуокеанска турнеја по преземањето на функцијата во јануари, Бајден планира да им се придружи на другите лидери на Г7 на самитот во Британија, кој ќе се одржи од 11 до 13 јуни, по што се очекува во Брисел да присуствува на состанокот ЕУ- САД.
Бајден во април понуди состанок во трета земја за да се разговара за тензиите во врска со воените закани кон Украина, сајбер нападот врз американските компјутери и третманот на Русија кон затворениот опозициски активист Алексеј Навални.
