Свет

„Фајзер“ очекува профит од 26 милијарди долари

05.05.2021 11:53

Компанијата потпиша нови договори со Европската комисија за 2021 година.

Американската фармацевтска групација „Фајзер“ соопшти дека во 2021 година очекува да продаде 1,6 милијарди дози од својата вакцина против Ковид-19 за околу 26 милијарди долари, што е многу повеќе од очекуваното.

Компанијата потпиша нови договори со Европската комисија за 2021 година. Склучи договори за снабдување со вакцини со Канада и со Израел по 2021 година, а преговара и со други земји.