КОВИД-19

Филипче: Одлуката за намалување на рестрикциите не е политичка

05.05.2021 12:11

Одлуката за олабавување на мерките не е политичка, донесена е во консултација со Комисијата за заразни болести, тврди министерот Филипче. Тие се во согласност со епидемиолошката состојба во земјата. Од вечер, полицискиот час наместо од 21, почнува од 23 и ќе трае до 5 часот наутро. Отворените делови на угостителските објекти со гости ќе работат до 22:30...

Одлуката за олабавување на мерките не е политичка, донесена е во консултација со Комисијата за заразни болести, тврди министерот Филипче. Тие се во согласност со епидемиолошката состојба во земјата. Од вечер, полицискиот час наместо од 21, почнува од 23 и ќе трае до 5 часот наутро. Отворените делови на угостителските објекти со гости ќе работат до 22:30.

Во однос на последната одлука, со оглед на тоа што состанокот на Главниот координативен кризен штаб се одржа во понеделникот, јас имав телефонска, консултација со претседателот на Комисијата, и со дел од членовите со кои што разговаравме за предлог попуштање на рестриктивни мерки, притоа разговаравме и за сегашната епидемиолошка ситуација и состојбата во болниците односно дали има можност да се попуштат рестрикциите, изјави Филипче.

Рече дека сите членови се согласиле да има олабавување на мерките заради тоа што епидемиолошката ситуација тоа го дозволува. Предлогот за намалување на мерките доаѓа од министерот, но тој посочи дека овие предлози никогаш не доаѓаат од Министерството, без претходно да се направи една широка консултација.

Филипче појасни дека во текот на вчерашниот ден имало и официјален состанок на Комисијата на кој што е потврдена согласноста за она што претходно неофицијално го искомуницирале, а министерот го предложил до Владата преку Главниот координативен кризен штаб.