САД: До 4 јули вакцинирани 70 насто од возрасната популација
Бајден изјави дека до 4 јули, Денот на независноста на САД очекува барем со една доза од вакцината против Ковид-19 да бидат вакцинирани околу 70 проценти од возрасната популација...

Американскиот претседател Бајден изјави дека до 4 јули, Денот на независноста на САД очекува барем со една доза од вакцината против Ковид-19 да бидат вакцинирани околу 70 проценти од возрасната популација.
Паралелно ги повика да се вакцинираат и младите на возраст од 20-30 години. За таа цел, нареди десетици илјади аптеки кои учествуваат во федералната програма да обезбедат вакцинација без закажување, а ресурсите од Федералната агенција за управување со вонредни состојби ќе бидат пренасочени за поддршка на привремени и мобилни клиники и помали општински локации за вакцинација.
