Нема предавање!
Збирот од речиси цела Данска ракометна репрезентација, надополнета со шпанецот Рокас, швеѓнецот Карлсен, а под раководство од Исланѓанецот Ларсен, но без Ким Андерсен ќе биде данскиот шампион Колдинг во Скопје на 1/8 финалната неделна шампионска пресметка број еден со наш Металург.

”Нема да ни биде лесно, играме со една екипа полна со искуство, тоа се играчи во најзрелите свои години. Тоа е една екипа за респект, која ја карактеризира исто како и нас одбраната. Многу малку голови имаат примено до сега. Имаат цврста одбрана и висока зона, диктирана од ултра високата 4-ка. Нема да ни биде лесно да даваме голови, но има решение. Бидејќи се високи ние ќе треба да ги рашириме, за нашите играчи како Миркуловски кој е како игла, и Атман кој е страшно агресивен, па и Цидриќ, да ја олесниме работата. Мора да размислуваме позитивно, иако тие се фаворити.„-вели првиот човек од клупата на Металург, Лино Червар.
Филип Миркуловски пак смета дека, ”доколку го неутрализираме нивниот голман Каспер Хвит, доколку успееме да не го разбраниме, шансите би ни биле многу поголеми. Исто така и нашите голмани се многу битни во овој натпревар, доколку имаат над 15 одбрани, сигурно би оствариле позитивен резултат.“
Цела сезона ги мачат нашите сини повреди, од кои се чини конечно кренаа глава, по она што го апострофира Червар. ”Имаме проблеми цело време по европското со Атман за да заигра онака како треба. Дури последнава недела почна да тренира заедно со екипата, не е фит, но важно ќе игра. На тимот се приклучи и Вугринец, но се јави проблем по Мешков со рамото на Циндриќ, но сите ќе бидат на располагање. Ние сме познати по тоа дека и со една нога ќе играме и ќе се бориме.“
По сезона вон шампионското друштво, а шест последни до оваа фаза, Колдинг решен да ги освежи сезоните 2003-тата со ¼ финалето и 2002-ра со ½ финале, па дури надежи се гаат на најблескавиот миг од трофејната 1997.
Металурзите третото 1/8 финале со ред, со ниет да го повторат во најмала рака ланскиот успех, место во елитната 8-ка. 50 насто од дилемите може ќе ги реши скопската неделна пресметка (17 часот) поткрепена од 7 илјади грла во арената Борис Трајковски.
