Црниот турмалин- најбогатиот минерал на планетава е симбол на мистика и сила

05.05.2021 12:18

Црниот турмалин поради неговото богатство од минерали спаѓа меѓу најделотворните во духовна смисла. Неговата сила се состои во разбивање на органските, емоционалните, менталните и духовните бликади кои ни пречат за да живееме чисто и здраво. Меѓу сите кристали црниот турмалин има најголема моќ за прочистување на енергијата и најделотворна лековита моќ.

Црниот турмалин е познат преку 1400 години и спаѓа во најбогатите и најмоќните кристали на земјава. Сепак првите записи за него датираат од 1524 година. 95% од групата турмалини му припаѓаат на црниот турмалин. Познат е и под името „шерл“ но не се знае точното потекло на името, Се претпоставува дека тоа е старото име на едно германско село. Изгледот му е црн со стаклест сјај. Тој е симбол на мистиката и силата.

Црниот турмалин поради неговото богатство од минерали спаѓа меѓу најделотворните во духовна смисла. Неговата сила се состои во разбивање на органските, емоционалните, менталните и духовните бликади кои ни пречат за да живееме чисто и здраво. Меѓу сите кристали црниот турмалин има најголема моќ за прочистување на енергијата и најделотворна лековита моќ. Ги чисти каналите меѓу чакрите и така овозможува проток на енергија меѓу нив. Иако не е фармацевтски лек, со самото тоа има здравствен ефект и лековита моќ. Затоа често се става до компјутер, мобилен, телевизор. Од друга страна не води низ темните делови на потсвеста каде што ги разбива блокадите, ослободува од се што не оптоварува. Неговиот врв треба да биде свртен кон земјата и на тој начин со уземјување, се отстранува негативната енергија од човекот. Црниот турмалин помага при заштита од зрачења на елктричните уреди во просориите каде што престојуваме. Се смета дека е најсилниот и најмоќниот кристал за заштита кој постои. Неговата моќ како обвивка заштитува од надворешни влијанија, посебно од космичките и копнените зрачења, од патогени зони, од човечки негативни сили и вирусни зарази кои ги шири човекот. Ја разградува и ја отстранува негативната енергија пред да влезе во нашата аура. Затоа е идеален за собата за спиење, ја прочистува сосема и обезбедува мирен сон ( заедно со розенкварцот и горските кристали). Црниот турмалин има претежно земски особини, но помага да се сфати и апстрактниот свет, да се согледаат и поправат грешките.

Се смета дека црниот турмалин ги ублажува нервозата, напнатоста, стресот, стравот, опсесивноста, ја зголемува отпорноста на вируси кои им штетат на нервите, затоа што го заштитува и го зајакнува нервниот систем. Ја зајакнува работата на лимфниот систем, го регулира крвототкот, ги развива мускулите, ги ублажува грчевите, помага за лекување реума. Со тенки кристали на црниот турмалин може да се стимулираат рефлексните точки на стапалата. Повторно со напомена дека тој не е фармацевстви лек, но има помагателно енергетско дејство. Турмалинот се чисти еднаш до два пати месечно под млаз млака вода, или преку ноќ да стои во сад со вода заедно со горски кристали. Се полни со неограничена директна изложеност на сонце.

Соња Стојановска