Инвестициите во образованието ги подобрија условите за настава
Во изминативе години се изградија 47 и се модернизираа 200 основни и 70 средни училишта. Со вложувањето во инфраструктурата, подобри услови за настава добија околу 130.000 ученици...
Во гимназијата Кочо Рацин учат половина од младите во Велес. Од лани објектот доби нов лик.
„Недоволно услови за да можеме да учиме во оваа гимназија, по реконструкцијата се сменија условите и сега се многу подобрени“, вели една ученичка.
Обновата на старите училници и скршените прозорци е дел од обемниот капитален проект на државата
„Се чуствува голема промена, прво со заштеда, меѓутоа и условите за работа на учениците и на професорите се на многу завидно ниво“, вели Саше Андреевски, од директор на СОУ Кочо Рацин Велес.
За подобрување на просторните услови во образованието се издвоени 2, 2 милијарди денари. Во изминативе години се изградија 47 и се модернизираа 200 основни и 70 средни училишта. Меѓу нив и средното во Шуто Оризари кое ќе прими 900 ученици. Во истата општина се реконструираат и училиштата Браќа Хамид и Рамиз и 26-ти јули. Во руралните средини во Кавадарци, Прилеп, Битола и во Боговиње се планира да се изградат и шест модулари училишта. Сепак, младите најмногу се радуваат на спортските терени и сали.
„Играме тука и надвор, играме кошарка сега одбојка“, велат основците од „Наум Наумовски- Борче“.
„Учениците има каде да го поминат слободното време да спортуават, да биде во корист на нивното здравје.Ние постојано потенцираме и на другите часови дека е важна физичката активност“, вели Гордана Ѓорѓиевска, одделенски наставник во ОУ „Наум Наумовски Борче“.
Повеќе од милијарда денари беа инвестирани во изградба на 39 спортски сали и 100 повеќенаменски и тениски терени.
„Во секое село, во секој рурален крај меѓутоа и во урбаните средини, да се инвестира во онаа спортска инфраструктура во оние спортски објекти што можеби се најпотребни за изградба на нови врвни млади спортски таленти од типот на Перо Антиќ, Горан Пандев, Дарко Панчев“, вели Марјан Спасески – Директор на агенција за млади и спорт.
Петта година по ред средношколците и основците добиваат бесплатни учебници, инвестиција од 30 милиони евра, како и бесплатен превоз за оние кои одат во училишта оддалечени од 2, 5 километри од нивните домови.
Со вложувањето во инфраструктурата, подобри услови за настава добија околу 130.000 ученици.
Министерството за образование го зголеми и буџетот за 2014-та, кој изнесува 22,4 милјарди денари.
Викторија Тодоровска
