Потпишан договор

Филмска копродукција меѓу Македонија и Франција

05.05.2021 14:17

Голем исчекор за македонската кинематографија. Преку договорот за филмска копродукција со Франција, потпишан во февруари, добиваме шанса да станеме еднакви со големите кинематографски нации. Македонија е атрактивна земја за копродукциски дела, поради даночната политика за повраток на ДДВ, вели францускиот амбасадор во земјава…

Потпишаниот договор за копродукција со Франција е голем исчекор за македонската кинематографија. Режисерот Игор Иванов-Изи, вели дека преку овој документ потпишан од двајцата министри за надворешни работи, Османи и Фабиус, добиваме шанса да соработуваме со француски продуценти и автори. Вели, копродукција не значи само размена на пари, туку значи размена на креативен потенцијал. Ќе можеме да извеземе наши креативци во Франција, каде што ќе дадат свој придонес во нивната кинематографија, а ќе купат малку занает од таму, вели Изи.

Овој договор значи оддавање признаине на македонската кинематографија којашто е во експанзија. Преку него, се овозможуваат финансии на македонските продуценти и режисери, но и пристап на македонските филмови до француските киносали, рече амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер.

Според директорот на Агенцијата за филм, преку договорот за копродукција културните работници започнаа процес на внесување на Македонија во Европската унија. Потенцира дека ова е можност за создавање на дела кои ќе бидат светски признаени и видени на сите релевантни фестивали, а македонските филмови ќе продолжат да нижат награди како и досега.

Александра Спировска