Во ЕУ не по секоја цена
По цена на идентитетот и јазикот не ни треба Европска унија. Нема договор за тоа како се чувствуваме и на кој јазик говориме и тоа ЕУ го признава, категоричен е шефот на Владата. Заев е оптимист дека е можно решение и со привремената бугарска влада...
По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик не ни треба Европската Унија, истакна премиерот Заев. Додаде дека правото на самоопределување е чувство и не може да се договара за идентитетот и каков јазик да зборуваме. Во однос на пораките од ЕУ и САД за кои Заев повтори дека се пријатели и партнери на земјата, рече дека се тука за да споделат искуство, но нагласи -
Иако Бугарија повторно ќе оди на парламентарни избори, премиерот се надева на решение со привремената бугарска влада поставена од претседателот Радев. Во меѓувреме, информации за повторно враќање на политичката сцена на Црвенковски. Деновиве во јавноста се шпекулира дека поранешниот лидер на СДСМ и екс претседател е можно да формира нова партија со кадри незадоволни од актуелното раководство. Заев ова го оцени како шпекулации. Вели-местото на Црвенковски е во СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека последните случувања во СДСМ укажуваат дека во партијата не се средени односите.
На социјалните мрежи се огласи и поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски: „Се раздвижува политичката сцена. Како што ми се гледа мене, во тек е процес на дистанцирање“.
Анита Димитријевска Велковска
