В петок средба Пендаровски- Мицкоски
Претседателот Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги затоплуваат политичките односи. За в петок договорена средба за случајот „27-ми април“ и за актуелната политичко-економска состојба...

Претседателот Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги затоплуваат политичките односи. Мицкоски, на негово барање, денеска остварил телефонски разговор со шефот на државата, брифираат од опозициската партија.
Пендаровски и Мицкоски се согласиле дека е потребно да има дијалог. За в петок е договорена и нивна средба на која ќе се дискутираат две теми- случајот „27-ми април“ и актуелната политичко-економска состојба.
Неодамна претседателот Пендаровски изјави дека луѓето кои влегле тогаш во Собранието не се терористи и доколку има нови докази е можно повторно отворање на случајот, но дека не планира амнестија.
ВМРО-ДПМНЕ бара нов судски процес за „27-ми април“. Инаку, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци прекинаа секаква комуникација со Пендаровски.
