Ковид-19

Прилеп: Центарот за јавно здравје ќе тестира, градот чека отворање пункт

05.05.2021 15:27

Од денеска со опремена лабараторија, прилепскиот Центар за јавно здравје започна да тестира за Ковид-19. Нема повеќе да се чека на резултати од Скопје. Ситуацијата се смирува, опадна бројот на позитивните, во болницата се затвораат два од петте ковид- оддели. Се чека отворање на пункт за масовна имунизација во текот на месецов...

Во прилепскиот Центар за јавно здравје и официјално почнаа да се прават тестови за Ковид- 19. Нема да се чека на резултатите од Институтот во Скопје. Се опреми молекуларната лабараторија. Сесрдно помогнаа стопанствениците и ја донираа апаратурата. Целиот зафат е вреден 3,5 милиона денари. Центарот одговара на потребите

За преку триесет насто се намалени неделните бројки на позитивните. Во центарот очекуваат интерес за тестирања при патувања на граѓаните. За намалени бројки говорат и од градската болница. Во моментов се хоспитализирани 48 пациенти, од кои 40 се на кислородна поддршка. Подсмирената состојба наложи затворање на два од петте ковид оддели.

Градските власти со апел граѓаните да се вакцинираат. Околу средината на месецов се очекува да се отвори пункт за масовна имунизација во спортската сала на медицинското училиште, до градската болница.

Досега на пунктот во Здравствениот дом се вакцинираани 1.900 граѓани над 73 години.

 

Елизабета Митреска