Само еден од украдените артефакти на „дивите“ копачи вреди 14.000 евра!
Нова осумчлена криминална група дивокопачи и прерподавачи на оригинални артефакти паднаа во рацете на полицијата. 7-мината се македонци, еден е бугарски државјанин. Вчерашната акција насловена „Аполон“ е продолжение на „Фаланга“, а се спроведуваше на југоистокот од земјава. Само еден предмет вреди 14.000 евра...

Само овој предмет е проценет на најмалку 14 ипол илјади евра. Вредни артефакти повторно цел на диви копачи и препродавачи. Групата оперирала воваландовско-гевгелискиот регион од минатата година. Од гробниците со детектор ги лоцирале, а потоа со копачи ги ваделе предметите кои се од непроценливо богатство. Цел им биле и иконите. Предметите ги продавале во земјава и во странство.
„Сите овие предмети според првите сознанија што вештите лица ни ги кажаа станува збор за оригинали. Она што е жалосно станува збор за гробни наоди. Во текот на истрагата понатака ќе се потрудиме да дознаеме точно од кои цркви се украдени овие икони. Денес поднесов наредба за спроведување истрага и пред судијата за претходна постапка ќе поднесам предлог за определување на мерка притвор према осмоничените лица“, вели јавниот обвинител Маја Коневска.
Локални жители велат дека биле збунети од присуството на полицијата.
„Видов полицајви, друго ништо не видов“, вели една жителка на Ново-село.
При претресите во Гевгелија и Струмица полицијата запленила 30-тина археолошки предмети, алат и оружје. Со групата раководел еден, кој ги давал командите. Негов близок бил одговорен за посредување при продажба, а останатите биле задолжени на подрачјето на Валандово и Гевгелија да организираат помали групи кои ги вршеле нелегалните ископувања. Против осумчлената криминална група, кои се на возраст од 46 до 63 години, се поднесени повеќе кривични пријави, а пронајдените артефакти и останати предмети се предадени на понатамошно вештачење.
Наташа Гркова- Петрушевска
