БРИФИНГ НА МИЦКОСКИ

Претседателот Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски в петок на заедничка средба

05.05.2021 18:32

Пендаровски и Мицкоски телефонски разоварале и разговорот помеѓу нив завршил со договор за средба во петок...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски телефонски разговарал со шефот на државата Пендаровски и разговорот меѓу нив завршил со договор за средба в петок. Би разговарале за осудените за 27 април и за актуелната политичко-економска состојба. Ова го објави на брифинг првиот опозиционер.

Следната среда, ќе се заокружат две години откако Пендаровски ја презема претседателската функција, по изборите на кои извојува победа над кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова. Тие две години поминаа во знак на осцилации во релациите меѓу Пендаровски и сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, од „кохабитација“ до искричења и замрзнување на односите. За разлика од неговите претходници, Пендаровски го почна мандатот како „признаен претседател“, чиј легитимитет не го оспорува опозицијата, независно од критиките што неретко ги упатуваше на негова адреса.

По изборите лани, ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со претседателот Пендаровски и одбиваше лидерските средби во неговиот кабинет.

Од најголемата опозициска партија на брифингот објавија и документи за кои тврдат дека ги поседуваат, а според кои, како што велат се докажува дека Министерството за здравство иако негираше сепак уплатиле речиси 8 милиони долари на фантом фирмата во Хонгконг, којашто требало вакцините да ги продаде на Македонија за двојно повисока цена од цената за која ќе ги набави“, потенцира Мицкоски. Од Министерството за здравство со реакција на тврдењето на Мицкоски за вакцините. Оттаму велат дека за законитоста на целиот процес, говори самиот факт што договорите, како и плаќањата на сите набавени вакцини поминуваат на затворена седница на Влада. Ова доволно кажува колку процесот за купување вакцини е законски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат делка поседуваат и документи за нереалниот тендер која го добила скопска фирма за набавка на возило со против пожарна скала во износ од 1, 7 милиони евра која градот Скопје ја уплатил на сметката на фирмата. Тврдат дека исто такво возило со слични карактеристики градот Загреб го купил за двојно пониска цена од 800.000 евра. Од партијата се сомневаат дека има индиции за сторен криминал и во двата случаи, но сепак велат дека немаат доверба во обвинителството и надлежните институции дека ќе поведат постапки за нивно расчистување. Претседателот Мицкоски на брифинг потенцираше економската состојба во државата е очајна, расте буџетскиот дефицит речиси за над 100 милиони евра, а има и значителен пад на индустриското производство во земјава во првиот квартал.

 

Игор Панов