Одбележување на 5 мај, Ден на македонскиот јазик
По повод 5 мај, Денот на македонскиот јазик и 100 години од раѓањето на македонскиот великан Блаже Конески, во институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, чествување и промоција на електронското издание на толковниот речник на македонскиот јазик, дело на 21 автор. Ќе може бесплатно да го користат сите граѓани, проучувачи и почитувачи на македонскиот јазик...

Македонскиот јазик му дава легитимитет на македонскиот идентитет, тоа е наше природно и основно човеково право и чувар на нашата колективна меморија, рече шефот на државата Пендаровски на одбележувањето на денот на македонскиот јазик. Посочувајќи ја последната статија на Конески, каде не потсетува за обврска да се вложува во македонскиот јазик, претседателот вели, тоа подразбира активно да ги поддржуваме домашните и меѓународните истражувања и проекти во сите области, поврзани со македонскиот јазик и неговите дијалекти и да се вложува во образовен систем.
Промовирано електронското издание на толковниот речник на македонскиот јазик. Дело на 21 автор. Од институтот велат дека неопходен е подмладок на кадарот.
Со низа препреки наишле тимот кој работел на толковниот речник. Координаторката на проектот се пожали и дека недостасувала меѓуинституционална соработка.
Дигитализираниот толковен речник ќе може бесплатно да го користат сите граѓани, проучувачи и почитувачи на македонскиот јазик.
Наташа Гркова Петрушевска
