УКРАИНА
Блинкен во посета на Киев
06.05.2021 09:46
Стејт департментот соопшти дека Блинкен ќе се заложи и за институционални реформи и антикорупциски мерки во Украина...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е во посета на Киев за да ја потврди поддршката на Вашингтон поради руската поддршка за бунтовничките борци во делови од Украина.
Стејт департментот соопшти дека Блинкен ќе се заложи и за институционални реформи и антикорупциски мерки во Украина. Со него е и Викторија Нуланд, која минатата недела беше потврдена од американскиот Сенат како државен потсекретар за политички работи.
