Најавена средба

Пендаровски: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ги одмрзнува односите со институцијата Претседател

06.05.2021 15:08

Воспоставената комуникација според Пендаровски ќе биде во насока на попрудуктивен политички дијалог кој ѝ недостога на земјата.

Добро е што по девет месеци ВМРО-ДПМНЕ воспостави комуникација со институцијата Претседател, вели шефот на државата по вчерашните најави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека в петок ќе имаат средба.

Воспоставената комуникација според Пендаровски ќе биде во насока на попрудуктивен политички дијалог кој ѝ недостога на земјата.

Од опозициската партија, пак, велат дека очекуваат уставобранителите конечно да добијат вистинска правда, владата да ги тргне рацете од обвинителството и судството. Премиерот Заев, пак, со став – поборник сум за дијалог, нема зијан од средбата, само добивка.

За утре во 15 часот е закажана средбата на претседателот на државата, Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.