Македонија

ДКСК: Предметот за набавката на вакцини против Ковид-19 е при крај

06.05.2021 15:15

Предметот за набавката на вакцините против Ковид-19 е при крај, но има информации што сѐ уште не се целосни, велат од Антикорупциската комисија по обвинувањата од опозицијата дека кинеските дози се набавувале преку фанотм фирма од Хонг Конг. Според Државната комисија за спречување корупција, од Министесртвото за здраство известиле дека немаат исплатено аванс на правно лице, туку само извешена уплата на име гаранција за резервација...

Антикорупционерите добиле документ од Народна банка за извршена исплата на 7 милиони и 800 илјади долари што Министерството за здравство ги има исплатено на 15-ти февруари, а Народна банка ги реализирала во полза на компанијата „Сабри интернешенел“ од Хонгконг.

Од Министерството за здравство ја известиле Комисијата дека немаат исплатено аванс на правно лице за купување кинески вакцини, туку имаат извршено уплата на средства на име гаранција со цел да се изврши резервација на 200 илјади дози вакцини од производителот „Синофарм“ од Кина, врз основа на заклучоци од затворена владина седница одржана на 5-ти февруари, информираше членот на Антикорупциска, Трпеноски на прес- конференцијата.

Комисијата отвори предмети за претседателката на Судскиот совет Црвенковска и ја прошири истрагата за Рашковски во врска со нови тендери тешки 18 милиони денари.

Фиљана Кока