Скопје

Антикорупциска отвора предмет за набавката на противпожарните скали

06.05.2021 15:49

Антикорупциска отвора предмет за набавката на противпожарните скали. Шилегов набавил едно противпожарно возило со скала по цена за две возила, велат од ВМРО- ДПМНЕ. Лaги и манипулации се тврдењата на опозицијата - реагира скопскиот градоначалник...

Како лаги и манипулации градоначалникот на Скопје, Шилегов ги оцени тврдењата на опозицијата за набавката на новото противпожарно возило и скалите. Шилегов тврди- нема ништо спорно ниту во сумата, ниту во однос на унгарската фирма од кадешто е набавката. За фирмата Армор Плус надлежна за сервисирањето, Шилегов вели – градски пари не се слеваат во фирмата, туку на сметката на унгарската фирма, и според тоа нема судир на интереси. Шилегов додаде и дека споредбите на сумите со скалата купена од град Загреб не се соодветни, поради тоа што станувало збор за различни скали, а купена била и дополнителна противпожарна опрема.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат, скала која во Загреб е купена за 800.000 евра плус ДДВ, кај нас ја купуваат за фрапантни 1.700.000. Додаваат - го имаме новиот Рашковски во Град Скопје, тоа е секретарот на Шилегов, Аврамовска- Мандиќ, која преку фирма на зетот, испумпа преку половина милион народни пари од граѓаните на Градот Скопје.

На секој сомнеж за корупција, комисијата отвора предмет, вели претседателката на ова собраниско тело, Ивановска.

 

Марија Котовска