Здравство

Состојбата со Ковид-19 во тетовско се стабилизира

06.05.2021 16:11

Се стабилизира состојбата со Ковид- 19 во тетовскиот регион. Се намалува бројот на позитивни случаи и на хоспитализирани. Голем дел од пациентите се со полесни симптоми...

Последниве десет дена голем дел од хоспитализираните ковид пациенти со полесна клиничка слика се веќе на домашно лекување. Одделенијата кои подолг период беа пренаменети во ковид- центри ќе се ослободат, едно од нив деновиве ќе служи како преходно, за пациенти со кардиоваскуларни заболувања.

Граѓаните велат дека досега за преглед чекале многу. Голем дел од болничкиот капацитет бил сконцентриран на ковид пациенти. Сега чуствуваат олабавување, но дел од нив и поради претпазливост одбегнуваат физчки да бидат присутни во болница.

Сѐ што е итно е и приоритетно така и со коронавирусот, вели д-р Нуредини, кој очекува не само просторно, туку и лекарскиот кадар со стабилизирање на состојбата, да посвети поголемо внимание на пациентите со други болести.

Најавата е дека со отворањето на модуларната болница ќе се ослободат и сите ковид одделенија во Клиничката болница Тетово.

Зоран Димовски