Политика

Различни очекувања од средбата Пендаровски- Мицкоски

06.05.2021 16:36

Дијалогот секогаш продуктивен, уставобранителите заслужуваат нова шанса, утре попладневна средба на Пендаровски и Мицкоски во претседателската резиденција. Судење може да има само доколку се појават нови докази, извршната власт не го менува веќе искажаниит став...

Секој со своите очекувања од средбата Пендаровски- Мицкоски. Првичната претстава е - дијалог треба да има. И додека шефот на државата оценува- средбата е во насока на попродуктивен политички дијалог што ѝ недостига на земјава, за Мицкоски тоа се настаните од „27-ми април“ и актуелната политичка состојба. ВМРО- ДПМНЕ бара уставобранителите да добијат нова можност за утврдување на вината.

Премиерот Заев за средбата вели- јас сум поборник за дијалог, оти тоа носи консензус. Сепак, за него судската пресуда за „27-ми април“ е завршена, и како и за сите може да има повторно судење само ако има нови докази.

Премиерот посочи дека Законот за државјанство на кој инсистираше Алијансата и Алтернатива е речиси завршен, сега се доуредувале техничките детали. За евроинтеграциите, Заев со став дека народот заслужува да биде дел од европското семејство. Ако не можеме со Бугарија да разговараме за билатералниот дел, со техничката влада во Софија можеме да говориме за европскиот, бидејќи земјава ги исполни реформите, дополни премиерот.

 

Миле Ристески