Струмица е „Град на културата“ за оваа година
Општината Струмица оваа година ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култра. На конкурсот беа пријавени општините Струмица, Тетово, Кавадарци, Велес и Дебар.
Општината Струмица оваа година ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култра. На конкурсот беа пријавени општините Струмица, Тетово, Кавадарци, Велес и Дебар.
По разгледувањето на петте пристигнати апликации, согласно приоритетите, критериумите и мерилата содржани во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека сите пријави имаат солидно конципирана програмска содржина и внимателно дефиниран буџет и предложи, со богатата и разновидна програма и со буџетот проектиран со висок процент на самофинансирање, Струмица да биде општинaта - годинашен организатор на оваа значајна манифестација.
По тој повод денеска министерката за култура Ирена Стефоска заедно со градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневска потпишаа договор за финансирање на манифестацијата „Град на културата“.
Општина Струмица во доставената апликација нуди квалитетна и богата културна програма, со содржини од сите дејности на културата. Сите настани кои ќе бидат дел од оваа манифестација се внимателно конципирани да го задоволат вкусот на сите посетители, од сите возрасти. Граѓаните на Струмица и сите љубители на културата и уметноста ќе можат да проследат бројни активности од различни жанрови и со различна естетика, проекти преку кои се негува и традиционалното, но и современото творештво, а предвидено е учество на релевантни домашни и странски уметници. Општина Струмица ќе стави во функција бројни инфраструктурни и човечки капацитети со што ќе овозможи богата културна содржина во текот на целата година.
