Прилеп

Поради експлоатација на мермер се загадува водата на изворот Леково

06.05.2021 17:19

Мирен протест на сопствениците од викенд населбата кај прилепското вештачко езеро, поради загадување на изворот Леково. Виновен е ископот на мермер во рудникот Сивец, можно е и загадување на водата во градот...

Поради експлоатацијата на мермер на само неколку стотини метри, се заматува и се загадува водата на изворот Леково, која понатаму се преработува за потребите на градот. Стотина жители на викенд населбата кај прилепското вештачко езеро со мирен протест реагираат и алармираат на еколошка катастрофа.

Експлоатацијата е веќе осум години, а жителите бараат од надлежните да преземат мерки.

Од прилепски водовод потврдуваат - изворот се заматува поради блиската експлоатација на мермерот. Таа вода и на уште три извори се собира, се преработува и влегува во градскиот водовод. Колку што можат прочистуваат, но тоа не е крајно решение.

Изворот Леково е познат преку 100 години, во педесетите години на минатиот век е вклучен за напојување на градот. Проблемот е седум- осум години. Блискиот концесионер смета дека не е виновен, туку некој од другите кои минираат.

Елизабета Митреска