Се вжештува политичката битка
Политичките опоненти со меѓусебни обвинувања за афери и распределба на тендери. Чашата ја прелеа вчерашното објавување на смс пораки од лидерот на ДПА Мендух Тачи, од претседателот на СДСМ Зоран Заев...

Кредибилитетот на лидерот на опозициската СДСМ, Заев е сериозно нарушен- аналитичарите за содржината на пораките што ги добил и што ги објавил првиот човек на ДПА, Мендух Тачи. Новинарот Александар Дамовски вели дека со наближувањето на кампањата се повеќе ќе се вжештува политичката битка.
„Тоа е оној највалкан и најстрашен елемент што го дознавме вчера, не дека не го знаевме меѓутоа претпоставуваме, секогаш, некоја таква информација „виси“ некаде во водзухот, меѓутоа овој пат имаме некаква потврда, макар и во смс-варијанта што истотака го покажува не-држењето до мандат на странските претставништва овде во Македонија, што не е прв пат, и порано тоа се случувало дури и во јавни изјави но овој пат преку домашен политичар дознаваме дека ја имал таквата голема подршка дури и за уривање на власта што само ги разоткрива сите валканици во политиката на кои сме повремено сведоци“ изјави Александар Дамовски, новинар.
Поранешниот пратеник Насер Зибери во последните обвинувања на ДПА пак за корупциските скандали во редовите на ДУИ не гледа отворање на вратата за предизборна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и партијата на Тачи. Според него, таквите изјави се погрешна проценки на опозицијата, која тврдеше дека на повидок е нова коалиција меѓу Вмро Дпмне и Дпа.
„Пред официјалниот почеток на предизборната кампања, е моментот кога политичките партии, многу прашања, многу инофрмации кои ги собираат во текот на предизборниот период се пласираат во јанвоста за да можат да постигнат одреден ефект кај гласачите“, изјави Насер Зибери – политички аналитичар.
Упатените пораки на Заев до Тачи владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги окарактеризира како виткање на рбетот. Како тогаш би се однесувал Заев кога би раководел со државата,прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Анита Димитријевска
