Русија ја регистрираше еднокомпонентната вакцина „Спутник лајт“
За регистрацијата на оваа вакцина соопштија и Министерството за здравство на Русија и Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја”.

Еднокомпонентната вакцина против коронавирус „Спутник Лајт“ е регистрирана во Русија, а нејзината ефикасност е 79,4 проценти, што е поголема отколку кај многу вакцини со две дози, соопшти Рускиот фонд за директни инвестиции.
За регистрацијата на оваа вакцина соопштија и Министерството за здравство на Русија и Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја”.
„Ефикасноста на вакцината е 79,4 проценти од 28-от ден по имунизацијата. Стапката на ефикасност од околу 80 проценти ги надминува стапките на ефикасност кај многу вакцини со две дози”, се вели во соопштението.
Според лабораторискитео истражувања на центарот „Гамалеја”, вакцината „Спутник Лајт” е ефикасна против сите нови видови на коронавирус.
