Собранието ја заврши општата расправа за измените на Законот за социјална заштита

06.05.2021 18:48

Со предложените измени се очекува 200 деца со потешка и најтешка попреченост и целосно слепи да добијат услуга на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец.

Пратениците ја завршија општата расправа по Предлог- законот за изменување на Законот за социјална заштита, во прво читање, чија цел е да се овозможи услугата лична асистенција да ја користат и деца од шестгодишна возраст со намален функционален капацитет. За законското решение дополнително ќе се гласа.

Со предложените измени се очекува 200 деца со потешка и најтешка попреченост и целосно слепи да добијат услуга на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец.

Од СДСМ рекоа дека станува збор за мала измена на Законот за социјална заштита која многу значи за лицата со попреченост и ќе им овозможи да имаат обучени лични асистенти.

Наскоро ќе има јавна расправа за да се слушнат ставовите на сите засегнати. Сметаат дека може да се постигне добар компромис за ова прашање.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, посочија дека како пратеничка група ќе го поддржат предложеното законско решение, но најавија дека амандмански ќе интервенираат, бидејќи сметаат дека има уште лица кои нема да бидат опфатени во законот.