Путин е за укинување на патентите за вакцини
Се разбира, Русија ќе го поддржи ваквиот пристап, рече Путин на состанок посветен на пандемијата и побара од руската Влада да работи на тоа прашање.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е за укинување на патентите за вакцината против Ковид-19, по предлогот на САД, за да се забрза производството и дистрибуцијата на вакцините низ целиот свет.
Се разбира, Русија ќе го поддржи ваквиот пристап, рече Путин на состанок посветен на пандемијата и побара од руската Влада да работи на тоа прашање.
Во сегашните околности, како што реков многу пати, не треба да размислуваме како да заработиме што е можно повеќе, туку за тоа како да им ја гарантираме безбедноста на луѓето, рече тој.
Русија досега произведе четири вакцини, почнувајќи од главната, Спутник В, а руските здравствени власти одобрија и Спутник лајт која се дава во една наместо две дози.
