Можно е раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ
Вархеји за „Еуроњуз“ вели дека ако продолжи застојот во случајот со С. Македонија, ќе се разгледа можноста Албанија сама да продолжи на европскиот пат...

Брисел би можел да ги раздвои процесите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ, кои досега течеа заедно, и да ги почне пристапните преговори со Тирана, доколку продолжи бугарската блокадата на Скопје и не се најде заеднички прифатливо решение со Софија, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји за „Еуроњуз“. Вели дека ако продолжи застојот во случајот со С. Македонија, ќе се разгледа можноста Албанија сама да продолжи на европскиот пат.
Ако повторно наидеме на тешкотии со Македонија, што значи дека не сме успешни во убедувањето на Бугарија и Македонија за обострано прифатливо решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ќе мора да го разгледаме тоа прашање, рече Вархеји.
За тоа дали формалното „раздвојување“ е опција, тој одговори: „Да, тоа би можело да биде опција“.
Можноста за раздвојување на Македонија и Албанија, Вархеји ја најави и за време на посетата на Скопје во вторникот.
